
Ерлинг Халанд го постигна единствениот гол на натпреварот против Брентфорд во деветтата минута и му донесе три бода на својот тим. Тоа беше дванаесеттиот гол на Халанд оваа сезона во сите натпреварувања, а тој го продолжи својот пат кон титулата најдобар стрелец во Премиер лигата.
Манчестер Сити сега е на петтото место на табелата со три бода помалку во споредба со лидерот, Арсенал.
По натпреварот, Халанд разговараше со „Скај Спортс“ за своите и настапите на Манчестер Сити, и издвои една личност која е одговорна за неговите добри настапи.
Станува збор за неговиот син, но тој одлучил да го скрие своето име од јавноста.
„Никогаш во животот не сум се чувствувал толку добро, па може да се каже дека сум во најдобрата форма во мојот живот. Она што ја прави разликата пред сè е подготовката. Начинот на кој се подготвувам за натпреварите, го имам зборувано многу пати. Можете да бидете физички подготвени, но мора да бидете и ментално подготвени за натпреварот. Да бидам искрен, мислам дека откако добив дете сум уште подобар бидејќи се исклучувам повеќе од кога било. Не размислувам многу за фудбал кога сум дома, а тоа не го правев и порано, само се грижев за некои ситници. Кога си одам дома, одмарам многу повеќе, па затоа мојот син е виновен за сето ова“, изјави Халанд.
Манчестер Сити сигурно ќе биде дел од борбата за титулата во Премиер лигата заедно со Арсенал и Ливерпул.











