„Хактивисти“ го понижија Иран: Израелски хакери украле 90 милиони долари од најголемата иранска крипто компанија

250

Предатори Спароу (Гоњешке Даранде), озлогласена хакерска група, украла повеќе од 90 милиони долари од најголемата иранска крипто компанија Нобитекс и ги испратила средствата на адреса од која не можат да бидат вратени, ефикасно уништувајќи го целото богатство, објавува Би-Би-Си.

Ова е високо специјализирана група позната по напаѓање на ирански цели. Се претставува како „хактивистичка“ или хакерско-активистичка група. Групата не извршила никакви големи напади повеќе од една година, но повторно се појавила по израелскиот напад врз Иран.

„Нобитекс е клучна алатка на режимот за финансирање на тероризам и кршење на санкциите“

Се верува дека има блиски врски со Израел, а нападот врз Нобитекс, кој се случи вчера, се тврди дека е дел од нов бран хакерски напади. „Нобитекс е клучна алатка на режимот за финансирање на тероризам и кршење на санкциите“, објавија хакерите на Телеграм и платформата X.

„И преостанатите средства се во опасност“
Тие, исто така, тврдат дека извршиле напад врз Банката Сепах, иранска државна банка, еден ден претходно. Групата објави дека ќе го објави изворниот код и внатрешните податоци на Нобитекс во рок од 24 часа, предупредувајќи дека преостанатите средства се во опасност.

Предатори Спароу со години извршува сајбер напади врз Иран. Тие се најпознати по хакерскиот напад во 2022 година што предизвика катастрофален пожар во иранска челичарница, редок случај во кој компјутерски напад предизвика физичка штета и ги стави во опасност човечките животи.

ИЗДВОЕНИ