
Турскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Хакан Чанханоглу, планира во следните неколку недели да стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Искусниот играч за врска има само една дилема, дали да ја продолжи соработката со „нероазурите“ или пак да си ја исполни големата желба од деството и да потпише договор со турскиот суперлигаш Галатасарај.











