Пеп Гвардиола, веројатно, ќе биде запаметен како најдобриот тренер во историјата на Манчестер сити, но сега му постави ултиматум на Управниот одбор на клубот.

Шпанскиот стручњак ја замени клупата на Баерн Минхен со онаа на Манчестер сити во 2016 година, и сè потоа е историја. Манчестер сити беше убедливо најуспешниот англиски клуб во тој период, а Шпанецот освои сè што можеше да се освои.

Меѓу другото, тоа се дури шест титули во англиската Премиер лига, два трофеја во ФА-купот и, секако, Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023.

Претседателот и раководството на Манчестер сити сигурно сметаат дека шпанскиот стручњак има голема заслуга, но тој сега им постави ултиматум.

Како што објавува британски „Гардијан“, Пеп е фрустриран од преголемиот број играчи во тимот бидејќи не може да им даде шанса на сите. Според овој извор, тој му рекол на Одборот да продаде неколкумина од нив што е можно поскоро или, во спротивно, ќе го напушти клубот од Манчестер.

Најнов пример за ова е натпреварот против Борнмут, на кој победија „граѓаните“ со 3:1, а воедно се збогуваа со капитенот Кевин де Брујн на „Етихад“. Белгиецот, по десет години, го одигра последниот меч на „Етихад“ и се очекува последниот меч за Сити да му биде на „Крејвен котиџ“, кога му гостува неговиот тим на Фулам, во рамките на последното коло во Премиер лигата.

Инаку, во Сити неодамна пристигнаа Абдукодир Кусанов, Савињо, Џејмс Мекати и Рико Луис, кои претежно добиваат шанса од клупата за резерви, па не е ни чудо доколку некој од нив замине од „Етихад“ во текот на летото.

Гвардиола е познат по тоа што сака да работи со помала група играчи, а овој ултиматум што му го постави зборува многу за тоа колку многу му е грижа за успесите на клубот.

ИЗДВОЕНИ