Гвардиола се ослободува од вториот најскап играч на Сити

188
epa11861908 Manchester City manager Pep Guardiola stands on the touchline during the UEFA Champions League match between Manchester City and Club Brugge in Manchester, Britain, 29 January 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Португалскиот играч од средниот ред, Бернардо Силва (31), кој е еден од главните столбови на Манчестер Сити веќе осум години, најверојатно ќе стави крај на својата авантура на „Етихад“.

Според британските медиуми, клупските челници немаат намера да му понудат продолжување на договорот, кој истекува на крајот од актуелната сезона, и на тој начин го принудуваат играчот да бара нова дестинација.

Се очекува Силва да ги следи стапките на Кевин Де Бруин (34), кој го напушти Манчестер Сити ова лето по десет години и потпиша за италијанскиот шампион Наполи.

За осум сезони во Манчестер, Бернардо Силва остави силен белег: 72 гола, 74 асистенции, шест титули во Премиер лигата, два ФА купа и, пред сè, историски триумф во Лигата на шампионите во 2023 година.

Тој е моментално втор најплатен играч на Манчестер Сити, со 18 милиони евра по сезона, зад Ерлинг Халанд кој заработува околу 32 милиони евра.

Силва имаше статус на бог, но очигледно е време да се подмлади тимот од Манчестер, иако Португалецот, на 31 година, сигурно е подготвен да игра уште неколку сезони на највисоко ниво.

Неговиот поранешен клуб Бенфика ќе се обиде да го потпише на крајот од сезоната, како слободен агент, а такво сценарио посакува и Јувентус, додека самиот играч сигурно ќе има многу побогати понуди надвор од Европа.

Бернардо Силва беше долгогодишен миленик на Пеп Гвардиола, бидејќи можеше да го користи на неколку позиции и секогаш знаеше како да го извлече максимумот од него на теренот.

Португалецот пристигна во Манчестер Сити во летото 2017 година од Монако за 50 мил. евра, а неговата моментална вредност се проценува на околу 38 милиони.

Ова лето, Сити се ослободи од Кевин де Бруин, кој отиде во Наполи, потоа Мануел Аканџи беше позајмен во Интер, а Илкај Гундоган се пресели во Галатасарај како слободен играч, додека Едерсон исто така отиде во Турција, за кого Фенербахче плати 11 мил. евра Џек Грилиш исто така го напушти тимот, иако само на позајмица во Евертон.

Најзначајните дојдовни трансфери секако се оние на Џанлуиџи Донарума, кој беше купен од ПСЖ за 30 милиони евра, Џејмс Трафорд, кој беше донесен од Барнли за околу 31 милион, Рајан Черки беше купен за 36 милиони во Лион, Рајан Аит-Нури од Вулверхемптон малку повеќе од тоа, а дури 55 мил. евра беа издвоени за купување на одличниот холандски играч за врска Тијани Рејндерс, кој пристигна од Милан.

ИЗДВОЕНИ