
Пеп Гвардиола присуствуваше на добротворен голф турнир организиран од неговата фондација во Џирона. За време на настанот, трофејниот каталонски стручњак зборуваше за младиот талент на Барселона, Ламине Јамал, како и новиот шампион на Шпанија.
Гвардиола ја спореди ситуацијата на Јамал со онаа на Лионел Меси во неговите рани денови и предвиде големи работи за Ламине ако избегне повреди и остане фокусиран.
„Ако нема повреди или проблеми, ќе има одлична кариера“, рече Гвардиола.
Менаџерот на Манчестер Сити се осврна и на неодамнешното продолжување на договорот на Јамал со Барселона до 2031 година, нагласувајќи дека зголемувањето на платата на играчот е сосема заслужено.
„Заслужено е. Такво нешто воопшто не влијаеше ниту на Меси. Клубовите не се глупави; ако му даваат на играч такви договори, тоа е затоа што го заслужуваат тоа.“
Гвардиола го изрази своето изненадување од нивото што го достигна Јамал на толку млада возраст, истакнувајќи дека номинирањето за Златната топка на 17 години е извонредно достигнување.
„Изненаден сум што на 17 години може да постигне вакви работи“, рече Пеп и заклучи дека Барса е совршен клуб за Јамал и дека треба да остане таму во иднина.
Каталонскиот тренер ја пофали Барселона за нивната „скоро совршена сезона“ и изрази надеж дека „добрата форма на клубот ќе продолжи уште многу години“.
Што се однесува до споредбите меѓу Јамал и Меси, Гвардиола побара на младиот играч да му се дозволи да го следи својот пат.
„Да го оставиме Јамал да расте. Тоа е најдоброто што можеме да го направиме. Потоа ќе видиме дали може да биде како најголемиот“.
Сити на Пеп имаше тешка сезона, но на крајот се пласираше во Лигата на шампионите, а во финалето на ФА Купот загуби од Кристал Палас.
Што се однесува до Барселона, под водство на Ханси Флик ја освоија Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, губејќи во полуфиналето на Лигата на шампионите од Интер, кој потоа беше тешко поразен во финалето од ПСЖ.