Шпанскиот фудбалски стручњак, Пеп Гвардиола, важи за еден од најдобрите тренери на денешницата, а својата неверојатна кариера ја започна во Барселона, со која освои речиси сè што можеше во својата прва сезона. Каталонците сонуваат Пеп еден ден да се врати на клупата на Каталонците, но Шпанецот стави крај на сите дилеми.

Гвардиола, поголемиот дел од својата играчка кариера го помина во Барселона, а откако одлучи да се пензионира во 2006 година, се сврти кон тренерската работа и го направи најдоброто што можеше. Тој доби шанса во Барселона каде што го водеше Б-тимот, а само една година подоцна беше избран за тренер на првиот тим, што беше огромен шок за навивачите и за фудбалската јавност во тоа време.

Сепак, се покажа дека Жоан Лапорта го направи најдобриот можен потег бидејќи во следните сезони Гвардиола ѝ донесе на Барселона многу трофеи и тотална доминација на фудбалската сцена, а воедно ја промени оваа игра засекогаш. Тој ја напушти Барселона во летото 2012 година и по една година пауза го презеде Баерн, каде што помина три сезони.

Гвардиола пристигна во Манчестер сити во летото 2016 година и сè уште е на клупата на „Граѓаните“.

Овој пат тој проговори за евентуалното враќање во Барселона, со што ги разочара каталонските навивачи.

  • Таа приказна е завршена. Тоа е крај на таа приказна засекогаш. Беше прекрасно, но е завршено и нема да се случи повторно, порача Гвардиола.

Тој претходно изјави дека повеќе нема да ја тренира Барселона и дека може да се врати во клубот само на друга позиција. Сепак, навивачите се надеваа дека ќе се премисли, но очигледно тоа нема да се случи.

Исто така, покрај враќањето во Барселона, искусниот Шпанец зборуваше и за Ламин Јамал и за споредбите на младата ѕвезда со Лионел Меси, а и таму имаше што да каже.

  • Треба да го оставиме Ламин Јамал да си го гради својот пат и дури кога ќе игра 15 години тогаш ќе можеме да кажеме дали е подобар од Меси или не. Фактот дека веќе го споредуваат со Меси, само по себе е голема работа. Тоа е како да споредувате сликар кој штотуку почнува со Ван Гог, потенцираше Гвардиола.

ИЗДВОЕНИ