Гвардиола е обична зимја и „Сатана“

1421
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Јаја Туре имаше импресивна играчка кариера, а своите најдобри денови ги помина во Барселона и Манчестер Сити. Сепак, интересно е што ги напушти двата клуба поради истиот човек, за кого до ден денес нема добро мислење.

Туре со години важеше за еден од најдобрите дефанзивни играчи од средниот ред во светот, а беше и неверојатно ефикасен во напаѓачката фаза.

Првпат привлече внимание поради своите настапи за Монако, каде што играше една сезона пред Барселона да одлучи да го купи за 9 милиони евра во летото 2007 година.

Туре помина три сезони во Барселона пред да се пресели во Манчестер Сити за 30 милиони евра. Дојде до легендарен статус на „Итихад“, каде престојуваше осум години, а пред да се пензионира на почетокот на 2020 година, играше и за Олимпијакос и за КД Хунгаи.

Поранешниот играч од средниот ред од Брегот на Слоновата Коска беше гостин во подкаст и предизвика големо внимание со своите изјави.

Тој првенствено се осврна на Пеп Гвардиола, со кого сè уште нема добри односи, а тој е главната причина зошто Туре ја напушти прво Барселона, а потоа и Манчестер Сити.

Јаја зборуваше за времето поминато во Барселона и односот со Франк Рајкард кој го донесе во Барселона, но и за конфликтот со Гвардиола.

„Кога пристигнав во Барселона од Монако, Франк Рајкард разговараше со секое засилување што доаѓаше во клубот, освен со мене. Се чувствував непожелен, како да сум невидлив. Често ја напуштав мојата позиција на теренот и имав впечаток дека Рајкард ме спречува“, изјави Туре и продолжи.

„Еден ден решив да се обратам кај него и отворено да го прашам каков е неговиот проблем со мене и зошто не ми дозволува да играм онака како што знам. Потоа ми покажа цела видео компилација од моите грешки и примери за тоа како Едмилсон и Тијаго Мота не ја напуштаат својата позиција и прават точно она што се бара од нив. Останав без зборови и сфатив дека проблемот е во мене. Од тој момент сфатив што точно се бара од мене и Рајкард и станавме многу блиски“.

Но, кога стануваше збор за Гвардиола, приказната беше сосема поинаква.

„Со Пеп Гвардиола, приказната е поинаква. Тој не е човек, туку обична змија. Додека сè уште бев во Барселона, еден ден ми се јави и ми рече дека морам итно да дојдам и дека станува збор за нешто многу важно. Потоа сопругата ми се налути, ме праша дали навистина сакам да му угодам на лицето кое се однесуваше кон мене како кон ѓубре. Рече дека не треба да останеме во Барселона и дека треба да одам во Манчестер Сити“, откри Туре.

Туре откри и што рекла неговата сопруга секој пат кога го споменувал Гвардиола.

„Практично целата сезона 2009/10 ја поминав на клупата поради Гвардиола, а потоа едноставно блеснав на Светското првенство во 2010 година. По Светското првенство, тој ми се јави и ми рече дека сака да останам во Барса. Секако, го одбив. Мојата сопруга не може да го поднесе. Често ми велеше дека не го гледа како човечко суштество, туку како „Сатана“. Тој е многу лоша личност.“

Во подкастот, Туре неколку пати истакна дека сака да го сруши митот за Гвардиола како врвен тренер и човек и да каже дека е добар тренер, но дека како личност е многу лош.

Нивните патишта се вкрстија и во Манчестер Сити, каде што Гвардиола пристигна шест години по Туре, но беше јасно дека нивниот однос не може да се поправи и дека е само прашање кој ќе попушти и ќе си замине прв.

Тоа е она што Туре го направи две години подоцна и отиде во Олимпијакос како слободен агент.

 

ИЗДВОЕНИ