Гувернерот на Калифорнија ќе го тужи Трамп поради хаосот во Лос Анџелес: „Претседателот долеа масло на огнот со распоредувањето на Националната гарда“

111
EPA-EFE/Mohammed Badra

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, денес изјави дека ќе ја тужи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за распоредување на Националната гарда за смирување на протестите во Лос Анџелес против федералните имиграциски рации без одобрение од државата, објавија американските медиуми.

Гувернерот изјави за MSNBC дека тужбата што ќе ја поднесе утре ќе ја оспори одлуката на Трамп да ја користи Националната гарда на Калифорнија без одобрение од државата, што е реткост во историјата на САД.

„Доналд Трамп ги создаде условите што ги гледате на вашите телевизиски екрани. Тој ги влоши условите и го запали кибритот. Тој додава масло на огнот откако објави дека ќе ја преземе Националната гарда на Калифорнија, што е нелегален, неморален и неуставен чин“, рече Њусом.

ИЗДВОЕНИ