Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп за распоредување трупи во Чикаго е злоупотреба на моќта

54
Foto: EPA

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за распоредување војници во Чикаго е злоупотреба на моќта, изјави денес демократскиот гувернер на американската држава Илиноис, Џ.Б. Прицкер.

„Нема вонредна состојба што го оправдува испраќањето на Националната гарда во Илиноис, а американскиот претседател се обидува да измисли криза“, изјави гувернерот Прицкер во соопштението, според Би-Би-Си.

Како дел од неговата наводна борба против криминалот во американските градови, Трамп веќе распореди околу 2.000 војници во Вашингтон, главниот град на САД, каде што локалната самоуправа е исто така под контрола на демократите.

ИЗДВОЕНИ