Гутереш: Крајот на војната во Украина треба да биде во согласност со меѓународното право

0
Фото:EPA/Chalinee Thirasupa / POOL

Крајот на војната во Украина треба да биде во согласност со меѓународното право, изјави денес генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

„Верувам дека сè уште сме далеку од решение“, рече Гутереш на конференцијата „Ројтерс некст“ во Њујорк.

Гутереш рече дека САД одиграле клучна улога во отстранувањето на пречките за испорака на помош во Појасот Газа.

Тој рече дека постојат силни причини да се верува дека во војната меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас се извршени воени злосторства.

Во врска со нападите на САД врз бродови во близина на Венецуела, Гутереш рече дека тие не се во согласност со меѓународното право, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ