Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека Африка е недоволно застапена во меѓународните организации, повикувајќи ги членките на Г20 да го исправат ова и да го искористат своето влијание за да започнат итна глобална акција за економијата, климатските промени и мировните операции.
„Мојата порака до лидерите е едноставна – време е за лидерство и визија. Живееме во турбулентни времиња“, рече Гутереш на брифинг за медиумите пред дводневниот самит на Г20 во Јоханесбург овој викенд, објавува „Мејл енд Гардијан“.
Гутереш предупреди дека земјите во развој, особено во Африка, страдаат од „совршена бура“ од намален фискален простор, тешки долгови и глобална финансиска архитектура која не ги поддржува или претставува соодветно.












