
Амбициозните сопственици на турскиот суперлигаш Галатасарај, своето внимание го насочија кон германскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Илкај Гундоган. Пред неколку дена гигантот од Истанбул ги осигура услугите на репрезентативецот на Германија, ЛероЈ Сане, а истото сакаат да го направат и со неговиот сонародник, Гундоган, кој потпиша едногодишен договор со „граѓаните“.