Гујаш: Украина не е достојна да биде во ЕУ

38

Унгарија бара од Европската комисија и Украина да ги запазат своите безбедносни заложби поврзани со нафтоводот „Дружба“, објави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Гергеј Гујаш.

Гујаш на брифинг за медиумите во Владата изјави дека „Украина се обврза, како трета земја и кандидат за членство во Европската унија, да обезбеди снабдување со енергија на сите земји од ЕУ, вклучувајќи ги Унгарија и Словачка“.

Тој истакна дека на 27 јануари 2025 година, Европската комисија доставила писмени заверки до Будимпешта во врска со безбедноста на инфраструктурата од суштинско значење за енергетското снабдување на Унгарија. „Очекуваме сите да ги почитуваат своите обврски и правила, и ЕУ и Украина“, подвлече Гујаш.

Дополнително, тој остро го критикуваше Киев, оценувајќи дека Украина не е достојна да стане членка на Европската Унија бидејќи „разнесува гасоводи во државите на заедницата и го напаѓа нафтоводот што ги снабдува индустриските компании“.

„Статусот на членка на ЕУ е неприфатлив за земја која сака да ја загрози енергетската безбедност на земјите-членки на ЕУ со акции како што е кревање гасоводи во воздух во трета земја“, рече Гујаш, алудирајќи на вмешаноста на украинските специјални служби во саботажата на гасоводот „Северен тек“.

ИЗДВОЕНИ