„Гугл“ го објави списокот со најпребарувани рецепти во 2025 година – пилешко, зачинет мед и здрави слатки меѓу фаворитите

0
Фото:википедија
Врз основа на пребарувањата на корисниците на „Гугл“ низ светот, јасно е дека практичните, кремести и хранливи јадења биле апсолутен хит – со неочекуванио фаворити како „лут мед“ или „супа-лазања“.
Најпребаруваните рецепти на светот во 2025 година, по редослед на популарност:
Лут мед – Мед збогатен со чили и други зачини, често се користи како прелив за пица, пилешко, кашкавали и дури и сладолед.
„Пилешко омажи се за мене“ – Креместо јадење од пилешко со павлака, лук, пармезан и сушен домат.
Сос Чимичури – Аргентински зелен сос од магдонос, лук, оцет, маслиново масло, идеален за со месо.
Чиа пудинг– Лесен  и здрав десерт на база на чија семе, млеко и овошје.
Бел чили сос со павлака – Вариво од пилешко со бел грав, пченка и павлака, често благо зачинет.
Лазања-супа- Се што сакате кај лазањата, но во форма на богата и креместа супа.
Никулци од грав – Здрава и се попопуларна компонета во азиските јадења и салати.
Леб од тиквици-  Сладок леб од рендани тиквици, чесо со ореви или чоколада.
Јадења со пиперка – Пиперката како главна состојка – полнета, печена, во салати или во варива.
Печено пилешко – Вечна класика: сочно пилешко од рерна со зачини и зеленчук.
Трендовите покажуваа дека корисниците на „Гугл“ низ светот во 2025 година најмногу пребарувале рецепти кои се брзи, вкусни и визуелно привлечни, но и такви кои нудат поздрави алтернативи на класичните јадења.
Популарноста на јадењата како чиа пудинг или леб од тиквици зборуваат за растечкиот интерес за балансирана исхрана, додека пилешкото и понатаму е избор за ручек и вечера.

ИЗДВОЕНИ