Google се согласи да плати 68 милиони долари (околу 57,2 милиони евра) за да реши тужба во која се тврди дека се прекршени правилата за приватност на корисниците.
Во тужбата се тврди дека гласовно активираниот Google асистент несоодветно ги шпионирал корисниците на паметни телефони, објави Ројтерс.
Прелиминарната спогодба во колективната тужба беше поднесена доцна во петокот во федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, и бара одобрение од окружен судија на САД.












