Неколку млади луѓе се испрашувани од полицијата поради сомневања дека би можеле да бидат поврзани со потенцијалното палење на зградата на Вјесник, дознава „Јутарњи лист“. Овие лица во моментов не се сметаат за осомничени, но е очигледно дека полицијата има некои информации врз основа на кои ги поврзува овие лица со местото на пожарот. Полицијата досега одби да ги потврди или негира овие информации.
По денешниот увид на изгорениот облакодер на Вјесник, градежните инженери заклучија дека зградата е сè уште опасна за луѓето и дека засега никој не може да влезе во неа, а оваа ситуација ќе трае до следната недела кога ќе следи уште една анализа.
Се чека зградата на „Вијесник“ да престане да чади, за да се процени дали може да се спаси












