понеделник, февруари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Груби не бил безбеден во Шутка, побаран куќен притвор

Груби не бил безбеден во Шутка, побаран куќен притвор

300
Foto: Printscreen

Артан Груби ветил пред обвинителот дека ќе соработува со органите до донесување на одлуката на ОЈО Скопје за истрагата за милионските злоупотреби во Лотарија. Поради загрозување на неговата и безбедноста на семејството, одбраната побарала поблага мерка на обезбедување, а обвинителот имајќи го предвид фактот дека осомничениот сам се предал на органите на прогон, предложен е до Судот домашен притвор и одземање на пасошот.

“На барање на второосомничениот преку неговата одбрана истиот во текот на денешниот ден беше спроведен пред надлежниот обвинител каде вршеше увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што на второосомничениот ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана, објавија од ОЈО Скопје

 

ИЗДВОЕНИ