Грозоморен злочин во Чачак: Синот ги убил мајка си и татко си, а на крајот и себеси

0

Три тела се пронајдени утрово во семејна куќа во Чачак, се покажа дека синот ги убил татко си и мајка си пресекувајќи им ги грлата со нож, а потоа се избодел во градите и си ги пресекол вените, што предизвикало крварење до смрт, пренесоа српските медиуми.

Иако живееле во соседството 26 години, соседите не знаеле речиси ништо за ова семејство – биле повлечени, имале необичен начин на живот, ретко ја напуштале куќата, а понекогаш никој не стапнувал во дворот со денови. Преку разговори со соседите, се влева сомнежот дека ова семејство со години криело некоја тајна.

Kако што претходно напиша српски „Блиц“, се сомнева дека В. Ч. (47) со нож им го пресекол грлото на својата мајка М. Ч. (72) и таткото Н. Ч. (79), а потоа си нанел сериозни повреди во градите и вените, од кои починал на самото место.

Соседите се уште се во шок поради ова грозоморно злосторство, а необични информации за ова семејство кое се преселило во оваа куќа од Босна и Херцеговина пред 26 години продолжуваат да се појавуваат. Како што напиша „Блиц“, во таа куќа претходно живеело четиричлено семејство – татко, мајка и две ќерки.

ИЗДВОЕНИ