Грозданов прогласи победа во Кочани

31

Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ во Кочани, Владко Грозданов прогласи победа со 1.400 гласа повеќе од противкандидатот Венко Крстевски, предложен од група граѓани.

– Покрај се што се случи во градот, можам да кажам дека Кочани го одбрани своето достоинство. Покажа дека е за иднина, за мир и просперитет, а не за раволуција и омраза. Ова не е моја победа, ова е победа за сите нас. Од утре заедно продолжуваме за повторно раѓање на Кочани – рече Грозданов.

Како што ветив, додаде тој во своето прво јавно обраќање на крајот од изборниот ден, ќе работиме со чист образ од првиот до последниот момент.

– Ви благодарам што верувавте во мене и во нашата заедничка визија. Време е за неуморна работа, сплотени да го оствариме заслужениот сјај и развој на Кочани – истакна Грозданов.

Во Општина Кочани се гласаше на 63 избирачки места, до 18.30 часот одѕивот беше 40,44 отсто. Бројот на граѓани со прво на глас изнесува 32.503.

ИЗДВОЕНИ