Громови предизвикаа пожари на Тасос, силниот ветер го отежнува гаснењето

20

Пожарникарите на грчкиот остров Тасос се обидуваат да ги стават под контрола пожарите што избувнаа на островот во среда навечер, објави „Катимерини“.

Пожарите избувнаа на четири различни фронтови синоќа, кратко пред 20 часот, и сè укажува дека се предизвикани од удари од гром, поради грмотевици што го погодија островот, објави грчката веб-страница.

Копнените и воздушните противпожарни сили беа итно мобилизирани, што беше отежнато од силните ветрови на Тасос.

Пожарникари и возила од Кавала беа преместени на островот.

Два авиони се придружија на гаснењето како мерка на претпазливост утрово, во обид да се спречи повторно разгорување на пожарите.

Според грчката противпожарна служба, копнените сили продолжуваат да дејствуваат како мерка на претпазливост на островот, за да се спречи повторно избувнување поради силните ветрови и високите температури што преовладуваат на Тасос.

ИЗДВОЕНИ