Гром удри во теренот за време на фудбалски натпревар во Србија: 11 играчи се повредени

288

За време на фудбалски натпревар во Лозница, гром удри во теренот, при што беа повредени 11 играчи.

Како што објави порталот Nova.rs, фудбалскиот натпревар го играа „Раднички“ од Клубац и „Цера“ од Петковица.

Според неофицијални информации, десет играчи од домашната екипа се полесно повредени, а еден играч на „Цера“ е тешко повреден, кој е подложен на реанимација.

Тој моментално е во одделот за коронарна нега под медицински надзор.

ИЗДВОЕНИ