Поранешниот норвешки скијач Одун Гренволд почина откако беше удрен од гром, соопшти неговото семејство. На социјалните мрежи, неговата сопруга, Кристин Тандберг Хагсја, се прости од него со трогателна порака, како и сите љубители на зимските спортови во Норвешка и во целиот свет.

  • Одун, моја голема љубов… најдобар пријателе во последните 20 години. Денес нè напушти. Она што започна како прекрасен летен одмор, заврши минатата сабота, кога те удри гром додека бевме во нашата колиба. Иако доби помош и беше однесен во болница, почина од повредите во вторник навечер – напиша таа.

Тој освои бронза на Олимписките игри во Ванкувер, во 2010 година. Првично беше член на норвешкиот тим во алпско скијање, пред да се посвети на фристајл, каде што постигна два пласмана на подиумот. Тој, исто така, освои бронзен медал на Светското првенство во 2005 година и беше победник во Ски-крос купот, во 2007 година.

ИЗДВОЕНИ