сабота, септември 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Гром му усмрти 107 овци на сточар од Чашка

Гром му усмрти 107 овци на сточар од Чашка

0

Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка.

Сточарот од Општина Чашка, Тасин Усеинов, во средата доживеа вистинска несреќа за неговото стадо, кога од удар на гром му угинаа 107 овци, пренесе „Агротим“.

Од Сојузот на одгледувачи на овци, каде Усеинов побарал помош информираа за случајот и очекуваат дека институциите ќе изнајдат начин да му помогнат на сточарот да ја надмине оваа ситуација и да продолжи да се занимава со овчарство.

 

ИЗДВОЕНИ