вторник, февруари 24, 2026
Дома СВЕТ Grok го ограничува генерирањето фотографии по скандалот со порнографска содржина

Grok го ограничува генерирањето фотографии по скандалот со порнографска содржина

340

Четботот за вештачка интелигенција Grok, во сопственост на компанијата на милијардерот Илон Маск, ја ограничи функцијата за генерирање и уредување фотографии исклучиво на претплатници кои плаќаат за услугите на социјалната мрежа X, по глобалните критики за можноста за создавање длабока порнографска содржина, вклучувајќи слики од жени и малолетници, пишува Euraktiv.

Кога се обидува да генерира слики преку платформата X, Grok сега ги информира корисниците дека оваа функција е достапна само за претплатници кои плаќаат и ги поканува да се регистрираат за „премиум“ верзијата на X.

Сепак, не е прецизирано дали постојат дополнителни ограничувања за претплатниците кога станува збор за генерирање сексуално експлицитна длабока порнографска содржина.

ИЗДВОЕНИ