EPA/Claus Fisker DENMARK OUT

Македонскиот ракометен суперлигаш, ГРК Охрид, направи уште еден сериозен чекор за да создаде конкурентен тим за највисоките дострели во македонскиот ракомет, обезбедувајќи потпис на хрватски голман.

Од следното лето, голот на охриѓани ќе го брани хрватскиот репрезентативец Дино Славиќ, кој договори соработка со клубот до јуни 2028 година. Во последните денови од минатата година, тој беше актуелен со одличната претстава на голот на „коцкестите“ во пријателскиот меч против Македонија (26:23) во Пореч, на кој имаше 15 одбрани. Во последните три сезони беше стандарден член на француски Лимож, додека претходно настапуваше и во Лигата на шампионите како член на ППД Загреб.

Поради фактот што беше еден од најзаслужните за победата на хрватската репрезентација против избраниците на Кирил Лазаров, се очекува месецов тој да го има и своето деби на големо репрезентативно натпреварување, и тоа на ЕП во Данска и во Шведска.

ИЗДВОЕНИ