
Францускиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Атлетико (М), Антоан Гризман, уште еднаш повтори дека сака својата богата фудбалска кариера да ја заврши во американската МЛС лига. Искусниот напаѓач има договор со „јорганџиите“ до 2027 година, но се погласни се шпекулациите дека Гризман ќе си замине од „Ванда Метрополитана“ на крајот од актуелната сезона.











