
Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити откри дека клупските челници сакаат во најбрз можен рок да се ослободат од услугите на крилниот напаѓач, Џек Грилиш. Популарните „граѓани“ се подготвени да ја намалат сумата за обештетувањето, но и понатаму, најголем проблем за заинтересираните клубови е неделната плата на поранешниот фудбалер на Астон Вила.