
Ривалот од Премиер лигата, тимот на Евертон, се вклучи во трката по потписот на искусниот играч за врска од редовите на Манчестер Сити, Џек Грилиш. Најскпото засилување во клупската историја на „граѓаните“ сигурно ќе биде продадено за време на летниот преоден рок, а британските медиуми информираат дека интерес за неговите услуги покажуваат и клубови од Италија, САД и Саудиска Арабија.