Грета Тунберг носи помош и се приближува кон Газа, Израел реагира: Подготвени сме да дејствуваме!

701
EPA-EFE/ORIETTA SCARDINO

Активистката за климатски промени исплови од пристаништето во Сицилија во неделата, заедно со единаесет други активисти, со цел да достави „симболична“ количина помош до палестинската енклава погодена од длабока хуманитарна криза.

Меѓутоа, бригадниот генерал Ефи Едри, портпарол на израелската војска, изјави дека Израел би можел да се спротивстави на пристигнувањето на бродот пред да стигне до брегот на Појасот Газа.

„И ние сме подготвени за оваа ситуација“, рече тој. „Во последните години стекнавме вредно искуство.“

Во 2010 година, Израел предизвика меѓународен бес кога неговите специјални сили убија девет лица за време на пресретнувањето на две флоти со хуманитарна помош што пловеше кон Газа.

„Светот нем пред геноцидот кој се пренесува во живо“: Грета Тунберг на брод кој има за цел да ја „пробие израелската блокада“ во Газа

Друг брод управуван од истата организација, „Conscience“, беше погоден од два дрона на почетокот на мај, непосредно надвор од територијалните води на Малта.

Моментално, „Мадлин“ го управува активистичката група „Коалиција на флотилата на слободата“ (FFC), која досега има поминато 381 наутички милји откако го напушти пристаништето Катанија, пренесе tportal.

„Го правиме ова затоа што, без оглед на шансите, мора да продолжиме да се обидуваме. Во моментот кога ќе престанеме да се обидуваме, ја губиме сопствената човечност“, изјави 22-годишната Грета Тунберг за новинарите на конференцијата пред заминувањето. „Колку и да е опасна оваа мисија, не е ни приближно толку опасна како тишината на целиот свет пред лицето на животите што се изложени на геноцид“, додаде таа.

Израел категорично ги отфрли обвинувањата дека во Газа се случува геноцид.

ИЗДВОЕНИ