Грета Тунберг со порака до британскиот премиер: Спречувањето на геноцидот во Газа е ваша законска обврска

83
epa12149124 Swedish climate activist Greta Thunberg (C) speaks during a press conference together with the crew of the Madleen, the sailing ship of the NGO Freedom Flotilla, before departing from the port of San Giovanni Li Cuti headed to Gaza, in Catania, Italy, 01 June 2025. EPA-EFE/ORIETTA SCARDINO

Британскиот премиер, Кир Стармер, мора да ја почитува „својата“ законска обврска да дејствува за спречување на геноцидот“ во Газа, изјави шведската активистка Грета Тунберг за „Гардијан“.

Тунберг, која се наоѓа на бродот со хуманитарна помош што е дел од „Глобалната флотила Сумуд“, која на 1 септември исплови од Барселона кон Газа, укажа на „огромното отсуство на оние чија законска одговорност е да се ангажираат“ според меѓународното право.

– Зборовите што ќе ги користиме да ги опишеме луѓето што стојат на погрешната страна на историјата, поддржуваат или вршат воени злосторства, уште не постојат, тие навреди уште не постојат, ама ќе ги користиме кон луѓето како (Стармер) – рече Тунберг во порака до британскиот премиер.

Пратениците апелираа до британскиот премиер да се сретне со израелските претставници в среда.

ИЗДВОЕНИ