среда, јануари 21, 2026
Дома СВЕТ Гренланд ја тресе ЕУ: Лидерите итно се состануваат утре во Брисел

Гренланд ја тресе ЕУ: Лидерите итно се состануваат утре во Брисел

16
EPA/NILS MEILVANG DENMARK OUT

Лидерите на ЕУ и земјите-членки ќе се сретнат утре вечер во Брисел на неформален состанок на Европскиот совет поради тензиите околу Гренланд.

Ќе разговараме за неодамнешните случувања во трансатлантските односи и нивните импликации за Европската Унија, како и за координацијата на понатамошните чекори, а состанокот ќе го започнеме со размена на мислења со претседателот на Европскиот парламент, напиша претседателот на Европскиот совет Антонио Коста во поканата.

Кошта пред два дена објави дека, поради тензиите околу Гренланд, ќе одржи вонредна седница на Европскиот совет во следните неколку дена.

„Со оглед на важноста на неодамнешните настани и заради понатамошна координација, решив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови“, напиша Кошта на социјалната мрежа X.

Тој, исто така, објави дека по консултациите со земјите-членки на ЕУ, е потврдено дека ЕУ е „единствена во својата поддршка и солидарност со Данска и Гренланд“.

Европскиот совет го сочинуваат шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ и претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, а високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност учествува на состаноците, но не е член.

ИЗДВОЕНИ