Грција ќе испрати две свои фрегати на Кипар, откако нападот од страна на ирански дрон врз британската воздухопловна база на Кипар ја активираше единствената одбранбена доктрина на Грција и Кипар, објави денес грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас.
Според неговите зборови, Грција ќе испрати систем за одбрана против дронови „Кентаур“ на една фрегата, а ќе испрати и два авиони Ф-16, објавува Прототема.
Дендиас утре ќе го посети и Кипар.
Тој изјави дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис разговарал со својот кипарски колега Никос Христодулидис и дека Грција ќе придонесе за одбраната на Кипар сè додека трае кризата.
„Подготвени сме да го браниме Кипар со сите можни средства“, рече тој.
Кипарските власти претходно денес објавија дека британската воздухопловна база во Акротири, Кипар, била нападната од дрон кратко по полноќ, предизвикувајќи ограничена штета. После тоа, уште два дрона полетале во правец на британската воздухопловна база Акротири на Кипар, но биле „соборени на време“.












