Грција воведува ред: Мицотакис се закани со нови даноци на енергетскиот профит

52

Во интервју за грчкиот медиум „Прото тема“, Мицотакис рече дека пазарот на електрична енергија мора да остане транспарентен и во служба на граѓаните и дека нема да се толерира никаква злоупотреба на профитот.

– Доколку забележиме дека маржите одат подалеку од она што го сметаме за разумно, ќе реагираме, како што сме правеле и претходно, со воведување вонреден данок на дополнителниот профит на производителите и враќање на тие пари на потрошувачите – рече тој.

Грчкиот премиер, исто така, ја истакна важноста на обновливите извори на енергија (ОИЕ), првенствено ветерните фарми и сончевите панели, како клучни фактори за енергетската стабилност на земјата.

– Ветерните турбини и сончевите електрани ни овозможуваат да имаме повеќе домашна и поевтина електрична енергија, без потреба од увоз на скап гас – додаде тој.

Мицотакис не ја исклучи можноста Грција да ја разгледа нуклеарната енергија како дел од својот енергетски микс во иднина, истакнувајќи дека големите системи за складирање на енергија (батерии) се неопходни за транзицијата.

На прашањето за високите цени на електричната енергија, премиерот одговори дека флуктуациите на цените се резултат на динамиката на пазарот, но дека целокупниот тренд е опаѓачки.

– Цените на енергијата ќе растат и паѓаат, но верувам дека во наредните години, општиот тренд ќе биде опаѓачки. Особено кога ќе го зајакнеме домашното производство од обновливи извори на енергија – нагласи Мицотакис.

ИЗДВОЕНИ