Грчката кошаркарска репрезентација славеше голема победа против литванската репрезентација и со тоа се пласираше во полуфиналето на Евробаскетот, каде силите ќе ги одмери со незгодната Турција.

Најефикасен поединец на натпреварот со Литванија беше неверојатниот Јанис Антетокумпо, кој постигна 29 поени со шест скока, две асистенции, четири украдени топки и една блокада.

Од друга страна, Турција ја совлада селекцијата на Полска, па голем број медиуми најавуваат дуел на титаните – Антетокумпо против Алперен Сенгун.

ИЗДВОЕНИ