Грција поднесе тужба поради рекламирање на спортска продавница на „Адидас“ во близината на Акропол

130

Грција поднесе тужба поради наводно кршење на законите за заштита на антиквитетите со лансирање дронови што рекламирале спортска продавница на „Адидас“ во близина на Акропол, изјави во понеделник грчката министерка за култура Лина Мендони.

Фотографиите на социјалните мрежи покажаа осветлени дронови кои го формираат логото и облека на марката „Адидас“, со Акрополот во позадината, кој се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО, пренесува „Ројтерс“.

Мендони изјави дека Акрополот е користен во комерцијални цели, штое спротивно на националниот закон и без претходно одобрување од Министерството за култура.

„Тоа е како обувкуте на „Адидас“ да газат по Акрополот. Веќе е поднесена тужба притов сите одговорни“, изјави Мендони за локалното радио „Скај“.

Министерството за култура соопшти дека, исто така, истражува дали е испочитувана процедурата за издавање дозвола за прелет на дронови.

На Акрополот над Атина е сместен храмот Партенон – симбол на златната доба на Атина кој е изграден во 432 година пред новата ера во чест на божицата Атина и е една од најпосетуваните локации низ светот, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ