вторник, февруари 3, 2026
Дома БАЛКАН Грција планира да воведе забрана за користење социјални мрежи за помлади од...

Грција планира да воведе забрана за користење социјални мрежи за помлади од 15 години

13

Грција е „многу блиску„ до воведување забрана за користење социлајни мрежи за лицата помлади од 15 години, откри во вторник извор на „Ројтерс“ од грчката влада.

И Шпанија во вторник објави дека планира да ги забрани социјалните мрежи за лица помлади од 16 години и најави дека ќе ги смета за особено одговорни за говорот на омраза на нивните страници самите директори на онлајн платформите.

Ден претходно, во португалскиот парламент беше донесе предлог-закон за забрана на социјалните мрежи за лица помлади од 16 години без согласност на родителите.

Ова е нов показател за построг пристап на европските држави кон технолошките платформи за кои се тврди дека ги изложуваат малолетниците на штетна содржина и дека се целно креирани да создаваат зависност.

Овие држави на овој начин се приклучуваат на дваесетина други земји како Франција и Велика Британија кои ја разгледуваат можност за забрана на социјалните мрежи за најмладите, откако Австралија во минатиот декември стана првата земја во светот која забрани пристап до платформите за помлади од 16 години.

Австралиската агенција за сигурност на интернет во средината на јануари објави дека технолошките гиганти веќе блокирале 4,7 милиони кориснички профили на малолетници.

 

ИЗДВОЕНИ