ГРЦИЈА НАЈАВУВА РИГОРОЗНА КОНТРОЛА: Никој нема да може да ја напушти земјата ако има неплатени казни,

36

Грција најави нов, автоматски систем за контрола на сообраќајни прекршоци, кој нема да им дозволи на странците да ја напуштат земјата доколку имаат неплатена казна.

Грчкото Министерство за дигитална администрација објави воведување на нов систем кој директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Ова значи дека, штом ќе пристигнете на границата, системот автоматски ќе ги прикажува сите неплатени казни за сообраќајни прекршоци во Грција.

Без разлика дали полицијата ве запрела и ви напишала казна, или сообраќајните камери ве фатиле како правите прекршок, сметката ќе ве чека на границата.

Еве како ќе функционира во пракса: 

Ако, на пример, сообраќајна камера ве сними во Солун, веднаш ќе бидете регистрирани, а казната ќе ви биде издадена во реално време на граничниот премин, пред да пристигнете.

Тоа ќе функционира во реално време, односно откако ќе го сторите прекршокот, веднаш ќе бидете регистрирани, а казната ќе биде веќе на граничниот премин, пред да стигнете до него, па кога полицискиот службеник ќе го провери вашето возило, ќе види дека сте направиле прекршок и нема да ви биде дозволен излез, додека не се подмири долгот.

Оваа новина се воведува бидејќи годишно се издаваат сообраќајни казни во вредност од 100 до 110 милиони евра, а се собираат само 40 милиони евра.

ИЗДВОЕНИ