Грчкото Министерство за финансии ќе воведе данок за туристите на крузери

20
Фото:википедија

Патниците на крузери ќе плаќаат данок од 20 евра од денес ако патуваат до островите Санторини и Миконос, и пет евра ако одат на други грчки острови, објави Министерството за финансии на земјата, пренесе „Бета“.

„Како што е предвидено со регулативата, овој данок ќе се применува на Санторини, Миконос и други острови во помала мера“, изјави претставник на Министерството за финансии.

Грција минатата година донесе закон за да се обиде да ги регулира пристигнувањата на големи бродови на популарните туристички дестинации и да го олесни товарот врз инфраструктурата.

Даноците ќе се собираат од 1 јуни до 20 септември, а, според регулативата, крузерите ќе ги плаќаат од сопствениот буџет, за подоцна да бидат вклучени во цената на билетот за патниците.

Патувањето со крузери станува сè попопуларно во последниве години, при што приходите во секторот пораснаа за 22,4 проценти минатата година.

ИЗДВОЕНИ