Сите основни и средни училишта, како и градинките на грчкиот остров Закинтос, денес беа затворени од локалните власти поради силното невреме што го зафати западниот дел од земјата.
Лошото време започна синоќа, бидејќи силни бури ги погодија островите, а предупредување до населението да биде особено внимателно беше испратено и во Ахаја, Илија и Месинија.
Поради лошото време, на север од Крф, автомобил што превезувал британско семејство се заглавил во калта на угорница, а противпожарната служба морала да интервенира за да ги транспортира на безбедно место на главниот пат, објавува „Катимерини“.
⚠️ΝΥΧΤΕΡΙΝΗ ΕΠΙΚΑΙΡΟΠΟΙΗΣΗ ΕΜΥ
✅Διατηρούνται τα κύρια χαρακτηριστικά της κακοκαιρίας και στα νέα τρεξίματα των μοντέλων, με πρόσκαιρα μεγάλες ραγδαιότητες βροχής και ανατολική κίνηση.
📌 : https://t.co/03OfMYyEGG
@EMY_HNMS @CivPro_GR @Starchannelnew1 pic.twitter.com/rUsR7kdGWY— Theodoros Kolydas (@KolydasT) October 1, 2025
Двојката и нивното дете се во добра здравствена состојба.
Се очекува овие временски услови да се прошират низ цела Грција денес и утре, носејќи обилни врнежи од дожд, локален град, силен ветер и пад на температурите, наведува грчкиот портал.
Општините и надлежните органи се повикани да останат во оперативна готовност по состанокот на Комитетот за проценка на ризици од лошо време.
Генералниот секретаријат за цивилна заштита препорачува граѓаните да бидат особено внимателни и да преземат мерки за самозаштита од опасностите што произлегуваат од лошите временски услови.