Активистите во Венеција прогласија победа откако Џеф Безос наводно бил принуден да го промени местото на неговата свадба во градот. Неговите гости почнаа да пристигнуваат за тридневната прослава.
Главниот прием за свадбата на Безос, сопственикот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот, и Лорен Санчез, поранешна ТВ новинарка, требало да биде во величествена зграда од 16 век во центарот на градот – Scuola Grande della Misericordia.
Но, според членовите на групата „Нема место за Безос“, двојката попуштила откако активистите се заканиле дека ќе ги наполнат каналите со надуени гумени „крокодили“ за да ги спречат гостите да влезат.
Настанот наместо тоа ќе се одржи во Арсенал, историски комплекс на бродоградилишта опкружено со утврдени ѕидови што ќе им го отежнат пробивањето на демонстрантите.
Според извештаите на локалните медиуми, промената на местото на венчавката била пожелна и од безбедносни причини, откако САД се приклучија на војната меѓу Израел и Иран.
И особено затоа што ќерката на Доналд Трамп, Иванка, денес пристигна во Венеција.
Властите во Венеција ја зголемија безбедноста низ градот, особено во еврејската населба.
Околу 200 гости, меѓу кои Илон Маск, Ким Кардашијан и Леонардо Ди Каприо, ќе пристигнат во Венеција денес или утре.
Се проценува дека 95 приватни авиони ќе слетаат на градскиот аеродром. Венчавката, наводно, е закажана за петок.
Се очекува големата забава да се одржи во сабота.
Активистите рекоа дека наместо да се обидуваат да ја спречат свадбата, ќе организираат прослава „Без Безос, без војна“.
ИЗДВОЕНИ
Увозот на забранет пестицид е исто како да се увезе дрога
МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ, КАНДИДАТ НА ЗНАМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КУМАНОВО: Нема да застанам во остварувањето на главната цел – Куманово да продолжи да се менува
Лоши прогнози – кафето е скапо, а ќе биде уште поскапо
По 738 дена заложништво, добредојде дома за израелците Алон, Еитан, Гај, Зив, Гали, Омри и Матан!