среда, јануари 21, 2026
Дома СКОПСКА Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ на нова мирна блокада на раскрсницата меѓу...

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ на нова мирна блокада на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“/ВИДЕО

40

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ со нов протестен собир на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, утре во 18:00 часот. Како што велат од иницијативата, повикот е реакција на долготрајното игнорирање од страна на надлежните институции за квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје и особено околу индустрискиот капацитет „Усје“.

– Листата на барања што ги прочитавме на првата граѓанска блокада на 26.12.2025 година, ги доставивме до сите надлежни институции. Но, бидејќи никој од нив не одговори ништо, ниту, пак, нè повикаа на разговор, повторно излегуваме на блокада за да им покажеме дека ќе бидеме упорни сè додека не ги исполнат нашите барања. Воздухот што го дишеме секој ден е сè поопасен за живот. Додека институциите молчат, граѓаните зборуваат – порачуваат од „Стоп за Усје“.

Иницијативата бара мерните станици во близина на фабриката да работат 24/7 и да прикажуваат податоци во реално време, автоматски систем за следење на оџаците, воведување почисти енергенси како природен гас или водород, како и ревизија на постојните стандарди за загадувачки честички според препораките на СЗО.

Од компанијата „Титан Усје“ реагираа дека сите обвинувања се тенденциозни и неосновани. Од компанијата тврдат дека работат целосно согласно со законската регулатива, дека ги применуваат најдобрите светски практики во производството и дека имаат 24-часовен независен мониторинг на оџаците, со резултати достапни за јавносто.

Фото и видео: Вечер пресс

 

 

ИЗДВОЕНИ