Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во текот на првиот квартал од 2025 година, во патниот патнички транспорт се регистрирани 962 илјади превезени лица.
Во сегментот на градскиот и на приградскиот превоз, бројот достигна 8,882 милиони.
Во железничкиот сообраќај, евидентирани се 61 илјада патници, додека воздухопловниот транспорт забележа 631.180 превезени патници.
Во однос на товарниот транспорт, споредбено со првиот квартал од 2024 година, забележан е пад.
Количеството превезена стока во товарниот патен превоз е намалено за 12,0 %, во железничкиот превоз за 21,9 %, додека во воздухопловниот превоз – за 1,6 %.