Граѓаните на Илинден вклучени во креирањето на Буџетот за 2026 година

49

Општина Илинден и оваа година го започнува процесот на изработка на Буџетот за 2026 година со активно вклучување на граѓаните.

Од 10 до 24 ноември 2025 година, сите жители, здруженија и правни лица имаат можност да учествуваат со свои идеи, предлози и забелешки за унапредување на условите за живот во општината.

– Со оваа иницијатива, Општината ја потврдува својата заложба за транспарентно, одговорно и отчетно работење во интерес на граѓаните. Целта е преку заедничко учество да се создадат поефикасни механизми за подобрување на локалните услуги и зголемување на довербата во локалната самоуправа – нагласуваат од Илинден.

Сите заинтересирани може да ги достават своите предлози преку пополнување на анкетен лист по електронски пат на е-поштата [email protected] или лично во архивата на Општина Илинден, секој работен ден до 24 ноември 2025 година.

Собраните предлози ќе бидат разгледани од стручните служби на локалната самоуправа, а оние што се финансиски и реално остварливи ќе бидат вклучени во буџетските програми за 2026 година.

ИЗДВОЕНИ