петок, јануари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Граѓаните можат бесплатно да изнајмуваат велосипеди

Граѓаните можат бесплатно да изнајмуваат велосипеди

95

Жителите на Кавадарци од денеска можат бесплатно да изнајмуваат велосипеди. За оваа намена, Општината обезбедила околу шеесет велосипеди, кои се во одлична состојба.

– Со одлука на Советот на Општината, му ги дадовме на ЈП за градски превоз – Кавадарци. Тие се поставени на две локации, едната е до Туристичко-информативното биро, во строгиот центар на градот. Втората, до споменикот на 12 ваташките другари, каде што има повеќе од шест километри велосипедска патека, со можност за рекреирање – соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Секој ден од 9:00 до 21:00 часот ќе може бесплатно да се изнајми велосипед, со личен документ за идентификација. Воедно, лицето што го изнајмува велосипедот ќе треба да потпише изјава. Целта на овој проект е да се мотивираат луѓето помалку да користат автомобили, а едно полнолетно лице ќе може да изнајми четири велосипеди, два за возрасни и два за деца.

 

ИЗДВОЕНИ