Граѓаните не може да земаат кредити до 70 отсто од примањата. Ова е причината поради која 30 илјади брзи кредити, односно нешто под 20 милиони евра граѓаните не можат да им вратат на овие друштва. Од Групацијата велат дека поради ова се заострени критериумите за одобрување на кредите.
Според претседател на Групацијата на небанкарски финансиски друшсва при Стопанската комора, Никола Јошевски дека треба да се подобрува услугата кон клиентите и се зголеми одговорноста при кредитирање на клиенти.
-Ние како индустрија што се занимава со финансии, односно со кредити, кредитни картички, гаранции и оперативен лизинг одлучивме да одиме чекор напред, создадовме Етички кодекс кој што ќе ја подобри нашата услуга кон клиентите и ќе ја зголеми нашата одговорност при кредитирањето на нашите клиенти. Утврдивме стандарди кои се повисоки од основниот минимум што го предвидува Законот за финансиски друштва и Законот за потрошувачки кредити. Формиравме и Етичка комисија која ќе ги разгледува сите забелешки и проблеми кои ќе се јават во нашата индустрија, односно членките на нашата групација. Со етичкиот кодекс предвидовме вредности со кои се обврзуваме да ги применуваме во нашата работа, а тоа се транспарентност, интегритет, професионализам, доверливост и одговорност. Овие вредности ќе ги применуваме во сите наши дејности, во комункација со клиентите и во одлучување при поднесени жалби, посочи Јошевски.
Биљана Мишиќ, потпретседателка на Групацијата објасни дека за разлика од небанкарските финансиски друштва кој при одобрување на кредитот ги земаат во предвид примањата само на апликантот, банките ги земат вкупните приходи на семејството.
Од Групацијата велат дека контролите се заострени и дека граѓаните ќе можат да се жалат до Стопанската комора ако не се почитува Етичкиот кодекс според кои мора да работат 20 друштва кои се дел од Групацијата.
-Финансиски ние не можеме да го казниме, но доколку е прекршен Кодексот или доколку финансиското друштво добие две опомени или казни од Министерството за финансии, ние можеме да го опоменеме од страна на Комора, а во краен случај да го исклучиме од Комората, од групацијата, додаде Јошевски.
Поради големата конкуренција, како што велат од Групацијата во последно време каматите драстично се паднати, и се доближуваат на ниво на банкарските кои се пресметуваат за потрошувачки кредити.
Бројот на финансиски друштва во земјава е намален од 36 на 27 друштва затоа што девет финансиски друштва ги изгубиле лиценците, беше истакнато на денешната прес – конференција што се одржа во Стопанската комора.