недела, март 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Граѓаните да го одржуваат зеленилото во дворовите, во спротивно ќе постапуваат инспекциските...

Граѓаните да го одржуваат зеленилото во дворовите, во спротивно ќе постапуваат инспекциските служби

234

Општина Виница ги повикува граѓаните да го одржуваат зеленилото во своите дворови. Притоа, известуваат дека сопствениците и корисниците на приватни имоти се должни да го прават тоа во согласност со Законот за урбаното зеленило сопствениците.

– Дрвјата чии гранки навлегуваат на јавни површини (улици, тротоари и сл.), мора да бидат соодветно искастрени за да се обезбеди непречено движење. Рокот за постапување е 90 дена од денот на објавувањето на ова известување – се нагласува во соопштението од Општината.

Локалната самоуправа апелира до граѓаните навремено да ја исполнат оваа обврска, во спротивно ќе се постапува во согласност со законските прописи и надлежностите на општинските инспекциски служби.

 

ИЗДВОЕНИ