Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека дивите  превозници: такси-автомобили, комбиња или автобуси што со години работат без лиценци, без контрола и надвор од сите прописи, ќе станат минато. Тој наведе дека со оваа нова акција, возилата што работат нелегално ќе бидат одземени на период од шест месеци, а Инспекторатот ќе изрекува казни со платен налог.

– Нашата цел е јасна и недвосмислена: да се заштитат граѓаните, да се воведе фер конкуренција и да се почитуваат законите, кои важат за сите. Ова е конкретна мерка со која праќаме порака дека нема да бидат толерирани хаосот и безредието – дециден е Ѓорѓиевски

 

Инспекторатот на Град Скопје почна масовна акција за конечно воспоставување ред во јавниот превоз. Дивите превозници: такси-автомобили, комбиња или автобуси што со години работат без лиценци, без контрола и надвор од сите прописи, според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, ќе станат минато.

Тој наведе дека со оваа нова акција, возилата што работат нелегално ќе бидат одземени на период од шест месеци, а Инспекторатот ќе изрекува казни со платен налог.

– Нашата цел е јасна и недвосмислена: да се заштитат граѓаните, да се воведе фер конкуренција и да се почитуваат законите, кои важат за сите. Ова е конкретна мерка со која праќаме порака дека нема да бидат толерирани хаосот и безредието – дециден е Ѓорѓиевски.

Градоначалникот истакна дека засилените контроли ќе се одвиваат секојдневно, и тоа со уште поголем интензитет во деновите што следуваат.

– Целта не е да казнуваме по секоја цена, туку да создадеме здрав систем во кој секој што работи ќе работи легално, одговорно и во интерес на граѓаните. Со воспоставувањето ред во оваа дејност, скопјани, конечно, ќе добијат сигурен превоз. Без импровизации, без ризици и без страв дека превозот што го користат е небезбеден или нерегулиран. Ова е само еден од чекорите со кои го враќаме достоинството на нашиот град – изјави Ѓорѓиевски.

Тој смета дека Скопје мора да биде град во кој важат законите за сите, во кој редот е правило, а не исклучок. Град во кој, како што вели, граѓаните се чувствуваат заштитено, а институциите си ја вршат работата професионално и бескомпромисно.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ