Од Македонски железници – Инфраструктура информираа дека
проектот опфаќа ремонт на вкупно 25 километри пруга, на првата делница од проектот „Градски воз“, која започнува од железничка станица во Зелениково, потоа железничка станица во Јане Сандански, железничка станица во Драчево, железничка станица во Лисиче и завршува на централната железничка станица во Скопје. – Ремонтот е со цел да се подигне брзината на возење, која сега изнесува 20 километри на час, со тенденција да се постигне над 60 км/час на оваа делница. Со овој ремонт ќе им се овозможи на жителите од Драчево, Зелениково, Јане Сандански, Лисиче да се возат со воз до централната железничка станица во Скопје, како опција за многу побрз, поекономичен и поеколошки начин на транспорт – нагласија од јавното претпријатие. Директорот на ЈП „Македонски железници“, Синиша Ивановски, истакна дека „Градскиот воз“ ќе биде алтернативна опција, освен автомобили и автобуси, граѓаните да можат да користат и железнички сообраќај, а со тоа да се намали и загадувањето. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, информираше дека првата линија ќе биде готова за шест месеци, односно следното лето на првата линија ќе функционира градскиот воз
Од следната недела ќе започнат активностите за реконструкција, односно ремонт на постојната пруга на првата траса од проектот „Градски воз“. Јавното претпријатие Македонски железници –Инфраструктура го склучи договорот со избраниот изведувач на работите, компанијата „Битем“ ДООЕЛ од Скопје вреден околу 5,8 милиони евра без вклучен ДДВ. Според договорот рокот за изведба е шест месеци.
Како што информираа од Македонски железници – Инфрастуктура
проектот опфаќа ремонт на вкупно 25 километри пруга, на првата делница од проектот „Градски воз“ која започнува од железничка станица во Зелениково, потоа железничка станица во Јане Сандански, железничка станица во Драчево, железничка станица во Лисиче и завршува на централната железничка станица во Скопје.
– Ова се градби од прва А категорија. Станува збор за постојна пруга која со децении наназад не е одржувана и е во крајно запуштена состојба. Ремонтот е со цел да се подигне брзината на возење, која сега изнесува 20 километри на час, со тенденција да се постигне над 60 км/час на оваа делница. Со овој ремонт ќе им се овозможи на жителите од Драчево, Зелениково, Јане Сандански, Лисиче да се возат со воз до централната железничка станица во Скопје, како опција за многу побрз, поекономичен и поеколошки начин на транспорт – нагласија од јавното претпријатие.
Директорот на ЈП „Македонски железници“, Синиша Ивановски, истакна дека „Градскиот воз“ ќе биде алтернативна опција, освен автомобили и автобуси, граѓаните да можат да користат и железнички сообраќај, а со тоа да се намали и загадувањето.
Тој посочи дека секоја железничка станица не е близу до населеното место.
–Таа во Зелениково е во центарот и е подостапна до граѓаните, додека онаа во Драчево е малку пооддалечена од населеното место и затоа се предвидува со минибуси во синхронизирано време да ги собираат луѓето и да ги носат до железничката станица – објасни Ивановски.
Според него, напролет би сообраќал воз по првата траса.
Втората траса од проектот „Градски воз“ ќе биде од Илинден, преку Миладиновци, Маџари, Центар и ќе биде долга 25 километри, а третата траса од централната Железничка станица, Скопје Север, Ѓорче Петров, станица Волково и ќе биде долга 18 километри.
Сите три траси, според Ивановски ќе бидат готови до крајот на 2027 година.
– Веќе во буџетот за 2026 година се планира проектирање на втората траса и во 2027 година третата траса. Паралелно ќе се работи и на проектирање на 11 станици кои ќе се обноват и модернизираат. Исто така, физибилити студијата од Градежниот факултет предвидува и изградба на две до три нови станици – вели Ивановски.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во медиумско гостување истакна дека првата линија од проектот „Градски воз“ во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето, а идејата e да се воспостави редовен сообраќај на три линии.
–Идејата на проектот „Градски воз” е постојаната железничка инфраструктура да се реконструира, да се реновира, да се крене на едно друго ниво и да се користи за градски сообраќај. Во Скопје има развиен систем скоро како детелина. Веќе на првата делница, која оди Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, почна да се работи овие денови. Следната година ќе ги работиме другите две линии, за да ја донесеме во инфраструктурна состојба, да може таа да се користи интензивно и често и потоа да се воспостави еден редовен сообраќај – наведе Николоски.
Тој информираше дека првата линија ќе биде готова за шест месеци, односно следното лето на првата линија ќе функционира градскиот воз.
Вицепремиерот информираше и дека се преговара со Европската банка за обнова и развој за набавка прво на нови локомотиви, а потоа и на нови вагони.
(А. П.)












