Градот ќе избира најубаво украсен двор, тераса, но и најубави раскази од средношколци    

13

Градот Скопје, на иницијатива од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ја организира манифестацијата „Украсуваме по скопски“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови, придонесувајќи во разубавувањето на амбиентот на градот во текот на новогодишните и на божиќните празници.

Градот ќе избере: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво новогодишно украсена тераса од стан, како и најубави раскази напишани од средношколците на тема „Новогодишни желби и празнувања“.

Заинтересираните граѓани што сакаат да учествуваат на манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265 од 9:00 до 16:00 часот, во периодот од 11 до 23 декември 2025 година.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адресата, учесниците можат да ги испраќаат на интернет-адресата [email protected] или на адреса: булевар „Илинден“, број 82, со назнака за манифестацијата „Украсуваме по скопски“.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија, која ќе биде составена од претставници на медиумите, кои, исто така, ќе ги оценуваат и составите на средношколците.

За најдобрите во сите категории, Град Скопје ќе обезбеди соодветни награди. Наградите на најуспешните ќе им ги додели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ